понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 88 ново

Георги Петков од Гевгелија е Македонецот кој не преживеал срцев удар при искачување на Монт Еверест

Георги Петков од Гевгелија е македонецот кој почина при искачување на Монт Еверест, пишува скимаседониа.

63 годишниот Петков починал од срцев удар за време на финално искачување на врвот Еверест. Петков беше дел од експедицја под искусно водство на британецот Тим Мосдејл. Од страна на шерпасите се прават напори телото да се пренесе на пониските кампови.
Искусниот водач на експедицијата, Тим Мосдејл, претходно истакна дека сите подготовки и логистика, фиксирање на јажиња, скали, боци со
кислород и аклиматизација се направени и се чека на „временски џеб” што овозможува поволни услови за да се тргне кон врвот.

Доктор Петков се надеваше да го оствари најголемиот сон на секој алпинист, да го искачи Монт Еверест, ќе бeше првиот гевгеличанец и шестиот Македонец кој го освоил Монт Еверест.

Георги Петков беше долгогодишен планинар и член на планинарското друштво Кожуф од Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top