среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Ден по венчавката, стилистот на Меган открива како таа се подготвуваше за големиот ден

Меган Маркл изгледаше како беспрекорна принцеза за нејзината свадба, и конечно беше откриено како таа се подготви за големиот ден.

За магазинот People, стилстот за коса на Меган, Серж Нормант открива: „Ние се разбудивме рано, пиевме малку кафе, а потоа само започнавме. Целата атмосфера беше преполна со насмевки, тоа е еден од оние моменти на занес”. Според Нормант, Меган била неверојатно опуштена на утрото на свадбата, што дефинитивно се покажа дека е така.

По само една проба пред почетокот на неделата, Меган точно знаела што стил сака за нејзината свадба. Нормант им изјави на новинарите: „Тоа беше најлесниот процес во светот”.

Што се однесува до нејзиното однесување пред да се омажи за принцот Хари пред публиката во целиот свет, Нормант вели: „Таа беше мирна и весела. Таа беше многу среќна, тоа утро беше совршено за свадба”.

Според Нормант, Меган имала нерви за се. Таа била многу среќна, многу возбудена. Плус, мајката на Меган, Дорија, исто така, била во собата, а Нормант ги опиша заедно како прекрасни.

Мирен и позитивен став на Меган за секоја пречка со која се соочила во периодот до кралската свадба не била незабележана од принцот Хари.

Според The ​​Sun, принцот Хари кога ја здогледа очигледно ѝ рече: „Не можам да дочекам да го поминам остатокот од мојот живот со тебе”.

женскимагазин.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top