недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Колумна на русенскиот митрополит Наум во бугарските медиуми: „Охридската архиепископија е бугарска, ќе бевме предавници ако отидовме на прославата“

Синодот на БПЦ-БП одби да учествува на прославата на 1000 годишнината од Охридската архиепископја во Охрид која ќе се одржи на 27 мај. По тој повод, бугарските владици од многумина во земјата беа наречени предавници, по што следи и оваа колумна на русенскиот митрополит Наум, кој појаснува зошто не доаѓаат во Охрид. По вчерашниот студен туш за Зоран Заев и неговите приврзеници кој стигна од Атина, ова е ново полевање со студена вода, не само за г.г. Стефан, туку и за целиот проект поврзан со македонската држава, а кој го вклучуваше и писмото на МПЦ-ОА со кое бара БПЦ-БП да и биде мајка црква. Еве ја колумната на русенскиот митрополит Наум објавена во „24 часа“:

„Во врска со распространетите шпекулации од одделни лица, дека мнозинството членови на Светиот синод на БПЦ, носејќи решение на 14 мај 2018 година да не испратат свои претставници на прославата во Охрид на 27 мај, станале национални предавници, должни сме да го појасниме следното:

1.Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија никогаш немала намера да се откаже од својата многувековна историја и канонско достоинство, како вистински наследник на Бугарската Охридска архиепископија, независно од политичката коњуктура;

2.За нас е неприфатливо БПЦ-БПда земе учество на претстојните прослави во Охрид, по повод 1000 годишнината од основањето на Бугарската Охридска архиепископија, зашто со нашето учество таму, би се извршило национално предавство, и зашто со тоа БПЦ-БП ќе прифати дека една нова црковна формација, која денес се нарекува „Македонска православна црква – Охридска архиепископија“, создадена од политички причини само пред неколку десетлетија, преку гореспоменатото чествување, го утврдила своето статус-кво, присвојувајќи си ја црковната историја на бугарскиот народ;

3.Бугарските архиереи имаат должност со достоинство да го чуваат својот национален идентитет, па согласно тоа се должни да се држат до каноните на православната црква, недозволувајќи било какви сршнувања од единството на светата соборна и апостолска црква;

4.Секакви тврдења дека „Бугарската црква не треба да се плаши од евентуална шизма, со еднострано и самоволно признавање на Македонската црква“, е плод на апсолутен стремеж кон безредие, а поддржувачите на тој став немаат никакво право да се изјаснуваат како православни христијани;

5.Во врска со писмото од страна на митрополитот Стефан од Скопје, со кое се бара БПЦ-БП да стане мајка црква на на МПЦ, должни сме да појасниме дека во оригиналниот документ од ноември 2017 година јасно е набележано дека „МПЦ-ОА ќе ја препознае и признае БПЦ-БП како мајка црква тогаш кога таа ќе ја признае нејзината автокефалност“, што значи нивната желба не е безусловна.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top