сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 29 ново

Бутарис: Тоа беше кукавички напад (Видео)

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис е пуштен од болница по вчерашниот напад од група граѓани за време на годишнината од геноцидот на Пондијските Грци во центарот на Солун.

„Ме влечеа и ме удираа насекаде“, тоа беше кукавички напад, но добар сум. Имам одлични односи со Пондите и не верувам дека напаѓачите беа Понди“, вели Бутарис во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, само неколку часа по инцидентот.

Нападот врз градоначалникот на Солун се случи вчера во центарот на Солун, за време на одбележувањето на годишнината од геноцидот на пондијските Грци. Група граѓани, најпрво вербално нарекувајќи го „предавник“, а потоа и физички со пластични шишиња го нападнаа Бутарис. Солунскиот градоначалник со помош на придружбата беше одведен до неговиот автомобил, а толпата бесни граѓани дури и по влезот во возилото продолжи со нападите, кршејќи ги стаклата.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, го осуди нападот врз градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис. На својот твитер профил Ципрас напиша дека напаѓачите се екстремни десничари кои треба да бидат казнети. Оние кои го нападнаа градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, не се ниту огорчени граѓани ниту маса народ. Тие се едноставно екстремни десничари кои треба да се соочат со последиците од нивните постапки“, напиша Ципрас и додаде: „Се додека политичките сили дозволуваат екстремно десничарските маргиналци да се кријат зад наводното патриотско чувство, змијата на фашизмот директно ќе ја загрози демократијата.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top