сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 21 ново

Љубчо Ѓеоргиевски, македонски премиер кој најмногу им верувал на жените

Business-women-one-jumpЉубчо Ѓеоргиевски, некогашниот премиер на Македонија, во периодот од 1998 до 2002 година имал најголема доверба во жените.

Даневска

Даневска

Во неговиот владин состав имало најмногу министерки – пет. Во првиот состав беа Доста Димовска и Радмила Кипријанова-Радовановиќ, кои беа без ресор, Милијана Даневска, министер за развој, и Мерие Рушани од ДПА, која ја извршуваше функцијата министер за наука.

Рушани

Рушани

 

 

 

 

 

Доста Димовска подоцна станува и министер за внатрешни работи. Министерка за култура, пак, стана Ганка Самоиловска-Цветанова.

Статистиката вели дека само првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, немал жени во Владата. Во владиниот состав во 1991 година не влегла ниту една министерка.

Силјановска

Силјановска

Една година подоцна, во 1992 година Бранко Црвенковски постави две министерки – Софија Тодорова за развој и Гордана Силјановска, министер без ресор.

sofija-todorova__

Тодорова

 

 

 

 

 

 

 

 

Две години подоцна, во 1994 година Црвенковски го задржува бројот на жени во Влада, со таа разлика што Тодорова ја поставува за министер за наука, а Емилија Симоска за образование. Потоа следува четиригодишното владеење на Ѓеоргиевски со четири жени.

Митрева

Митрева

Во 2002 година Владата ја формира Црвенковски, кој за министерки ги поставува Радмила Шекеринска (евроинтеграции) и Илинка Митрева (МНР).

Шекеринска

Шекеринска

Во јуну 2004 година Хари Костов ја презема премиерската улога и ги остава двете жени во владиниот состав. Во декември истата година во премиерската фотелја седнува Бучковски.

Мери Младеновска

Мери Младеновска

Тој ги задржува Шекеринска и Митрева, а за министер за правда ја поставува Мери Младеновска-Ѓоргиевска.

elizabetakanceska-mileskag3

Канческа-Милевска

Во 2006 година власта ја презема ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, а во неговиот состав влегуваат три жени – сега веќе покојната Габриела Коневска-Трајковска (евроинтеграции), Гордана Јанкуловска за внатрешни работи и Вера Рафајловска министерка за економија. На изборите по две години бројот на жени во владиниот состав се намалува.

nikola-gruevski-gordana-jankulovska-zoran-stavreski-2011-7-28-19-30-36

Јанкуловска

Груевски ја менува министерката за економија Рафајловска, Габриела Коневска Трајковска се повлекува поради здравствени причини, а министер за култура станува Елизабета Канческа -Милевска. Три години подоцна, Груевски повторно ги добива изборите. Јанкуловска останува, Елизабета Канчевска-Милевска исто така, а во владиниот состав влегува уште една жена, Теута Арифи. Арифи неодамна стана градоначалник на Тетово, со што бројот на жени повторно се намали на две.

Пишува: Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top