петок, 17 август 2018 | Вести денес: 24 ново

Подгответе се, доаѓа Владимир

Од понеделник Македонија ќе се наоѓа во циклонски систем што значи ќе кружи влажен и значително понестабилен воздух (висински циклон). Тоа ќе ја дестабилизира атмосферата, па така вренежите и грмежите ќе зачестат на повеќе места и тоа особено во пладневните часови. Не очекува циклонот Владимир, предвидува метеорологот Славчо Попоски.

Поради значително загреаната атмосфера како и поради високите температури на воздухот ќе се создадат услови и за локални поинтензивни атмосферски процеси кој би можело да бидат застапени во форма на невреме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top