вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Заев не гледал потреба да се менува Уставот

Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евенуални уставни измени по завршување на лидерската средба. Тој постајно повторуваше дека Уставот нема да се менува.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот – рече Заев.

Тој повтори дека решението за името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни и тука нема дилеми.

– Вчера реков став на Владата, односно за Владата прифатливо е име со географска одредница. Тоа го темелам на основа на моите очекувања во внатрешната дебата која што ја имаме во Македонија, на чекорите што ги правиме, на она што значи можности и до каде може да се движиме, на спроведливоста на можните решенија и слично. Остануваме на ставот дека достоинството и идентитетот се важни работи. Јас сум убеден дека Македонија може со консензус по ова прашање во интерес на иднината на перспективите за НАТО и ЕУ интеграцијата да изнајде решение – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top