вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Ако сте еден од овие хороскопски знаци викендов може да имате проблеми

ДЕВИЦА

Надворешно делувате како да ги контролирате емоциите, но тоа е само маска која ви помага да ги скриете чувствата. Имавте турбулентен период кој се уште не е завршен. Деновиве ќе треба да соберете сила и да одговорите на предизвиците што ве очекуваат. Доколку одите некаде подалеку од вашето место на живеење, не ја носете работа со себе. Таа ќе ве чека и кога ќе се вратите. Ако сте сами, моментално ви е потребна комуникација со некој кој што може да ве разбере.

ВАГА

Вие сте многу реални и одмерени. Сентименталноста ве тера да им помагате на луѓето околу вас без разлика дали во тој момент имате и сопствени проблеми. Но, за жал имате повеќе разбирање за другите отколку за себе. Во изминатиот период имавте многу случувања кои излегоа од контрола и сега правите се за да ги повратите работите што сметате дека се изгубени. Ако сте сами, ве очекува романтичен викенд со една личност што ќе ја сретнете на некое таинствено место.

РАК

Раковите се многу романтични и лесно се вљубуваат. Тие секогаш имаат некој предмет на интересирање. Многу се осетливи и лесно можат да бидат повредени. Ако сте во брак, викендов може да имате проблем со еден помлад член од семејството. Партнерот ќе се однесува незаинтересирано и вие ќе морате да ја превземете целата грижа на себе. Доколку сте сами, упорно ќе барате сродна душа. Една личност од минатото никако не ви излегува од глава и ќе се обидете да и се јавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top