сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 29 ново

Претседателот Иванов ќе присуствува на утрешната лидерска средба

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја прифати поканата на премиерот Зоран Заев за лидерската средба што треба да се одржи утре.
– Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Република Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба, иницирана од Зоран Заев, претседател на Владата на РепубликаМакедонија, закажана за утре, 19 мај 2018 година- соопшти кабинетот на Иванов.
Оттаму велат дека до нив до денеска не се доставени целосни одговори на барањата упатени на 29 март 2018 година, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција.
– Сметаме дека на тој начин се врши селективно информирање на македонскиот претседател. Иванов на утрешната средба очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името – се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top