понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 20 ново

Јувентус ќе го објави трансферот на Чан по финалето во ЛШ

Трансферот на Емре Чан во Јувентус е сигурен и ќе биде објавен официјално по финалето во Лигата на шампионите. Германскиот репрезентативец има договор со Ливерпул до 30 јуни, а по се изгледа „бјанконерите“ ќе успеат да го привлечат како слободен агент.

Веќе неколку месеци се шпекулира за неговиот трансфер во Јувентус, а според италијанските медиуми, тој веќе е сигурен. Чан ќе потпише петгодишен договор и ќе добие 5 милиони евра по сезона плус бонуси.

По финалето во ЛШ, Чан ќе отпатува за Торино, каде што ќе ги помине лекарските прегледи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top