понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 20 ново

Министерот за одбрана на Бугарија: Илинденска Македонија е едно од имињата за кои вчера разговараа Заев и Ципрас (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, ги потврди шпекулациите за името Република Илинденска Македонија како едно од можните решенија на спорот со Грција. Официјална потврда од Владата во Македонија се уште нема, но бугарскиот министер потврди дека за оваа опција разговарале премиерите, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

– Ние немаме претензии кон името Република Македонија, но сме против тоа да се преиначува историјата и да се гонат луѓе со бугарска самосвест во Македонија. Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија, за што вчера разговараа лидерите на Македонија и Грција. Слушнав за Илинденска Македонија, исто така слушнав за Вардарска, Северна. Илинденското востание е бугарско востание, дел од нашата заедничка историја, рече Каракачанов во емисијата „Ова утро“ на БTV.

Според него двете земји се на чекор до решение.

– Важно е овој вештачки спор за името, кој го отежнува членството на Македонија во ЕУ, да заврши. Повеќе луѓе живеат во Бугарија отколку во Македонија, историски сме поврзани, како што се Грција и Кипар и Србија и Црна Гора, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top