петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 101 ново

Храбар аптекар се справи со вооружени жени (Видео)

Полицијата од американскиот град Џорџија е во потера по три жени кои извршиле вооружен напад на аптека.

Обидот за вооружен напад го спречил сопственикот на аптеката , кој го зграпчил пиштолот од една од жените , по што тие избегале. На видеото од безбедносните камери се гледа како на почетокот тој се обидува да им помогне на жените.

,, Рече дека сака лек на рецепт и додека чекав да го извади , таа ми впери пиштол. Морав да изреагирам .”, вели сопственикот за локалните телевизии. Додека тој го зема пиштолот од едната жена , другата се обидува да го попрска со солзавец.

Сопственикот вели дека му е преку глава од грабежи . За помалку од една година ова е втор вооружен грабеж на аптеката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top