среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

„Република Илинденска Македонија“ – нова понуда за решение на името?

„Република Илинденска Македонија“ е нов предлог за името кое според дипломатски извори е понудено од македонската страна во преговорите. Според истите извори, било кое име, па и “Република Македонија“ ќе мора да биде за севкупна употреба како што инсистира Грција, пишува А1ОН.

Иако како најблиско решение досега се спомнуваше името „Република Горна Македонија“, напишано одвоено и со превод на англиски, извори за А1он тврдат дека „Република Илинденска Македонија, предлог по последниот сет разговори кои се одвиваа помеѓу двете страни. Според досегаш информации, доколку дојде до договор за меѓународно име на државата, тоа треба да биде Обединетите нации, а по уставните измени, се предлага да биде име за севкупна употреба.

– Грција и Поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ) направија прогрес за името, но сè уште не се во позиција да зборуваат за договор, изјави грчкиот премиер Ал средбата со премиерот Зоран Заев во Софија, пренесе „Катимерини“.

Од друга страна, Зоран Заев Заедно кажа дека со Ципрас разгледале можни опции за креа кои македонската страна ги презентирала во последната фаза од преговорите.

– Следуваат консултации во двете земји, со релевантните политички фактори, информира конференцијата во Софија.

Премиерот нагласи дека со Ципрас суштествено разговарале за неколку опции, при што утврдиле една опција, која може да биде прифатлива за двете страни. Продолжуваат консултации на домашен терен во двете земји. Заев нагласи дека доколку е можно практично спроведување на тоа решение, тогаш всушност има решение. Премиерот не прецизираше за какво решение станува збор, ниту директно одговори дали на
средбата станало збор за промена на македонскиот Устав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top