среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Свирни против промена на името: Граѓански активисти утрово протестираа на скопските крстосници (фото)

Пред најавената средба на Заев – Ципрас денеска во Софија, за која се најави клучен „чекор напред “ во изнаоѓање на „заемно прифатливо решение за спорот со името“, граѓански активисти на СУМ (Сите за Унитарна Македонија) утрово од 9 до 10 часот излегоа на раскрсниците пред Собранието на РМ и пред Владата на РМ, со транспаренти на кои пишуваше „Свирете против промена на Името“.

Возачите на овие фрекфентни сообраќајници, пред највисоките државни институции, реагираа на повикот со свирежи и на овој начин изразија поддршка на активностите во одбрана на уставното име.

 

Од СУМ најавуваат дека ќе продолжат со организирање и други, помали по обем акции, во знак на протест кон актуелата власт за чекорите што ги презема во преговорите со Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top