петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

Мицкоски до Меј: Владата демонстрира недостаток на демократски капацитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со британската премиерка Тереза Меј.

На средбата станало збор за актуелната политичка и општествена ситуација во државава, можностите за соработка и стратешките приоритети на државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека државата е со влошена економска состојба, а граѓаните живеат се потешко.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Владата демонстрира недостаток на демократски капацитет, но и нетранспарентност во однос на најчувствителното прашање, спорот со името.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за отворени и поинтензивни односи со Велика Британија базирани на пријателство и меѓусебно разбирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top