среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Нејмар: Овој Мундијал мора да биде мој

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и на бразилската репрезентација Нејмар де Силва Сантос Јуниор истакна дека посакува да ја освои шампионската титула на Светското првенство во Русија.

Фудбалерот е увреден дека може да му помогне на Бразил да стане првак на светот.

– Мундијалот е најголемо натпреварување на светот. Сакам да играм и да бидам шампион. Светското првенство мора да биде мое, истакна Нејмар.

Бразилскиот фудбалер, кој поради повреда не настапуваше од февруари, наведува дека полека се враќа на терен.

– Почнав да тренирам со топка и се чувствувам добро. Секако и понатаму постои страв, но одиме полека, нагласува Нејмар.

Бразил на Светското првенство е во групата Е и ќе игра против Србија, Швајцарија и Костарика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top