петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

Пред кралската венчавка: Проба без принцот Хари и Меган Маркл

Организаторите на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл се подготвуваат за денешната проба пред венчавката, без невестата и младоженецот.

Пробата има за цел да ги финализира деталите за главната свеченост, која ќе се одржи в сабота во капелата Сент Џорџ близу замокот Виндзор.

Во рамки на церемонијата е планирано и 25-минутно возење на младенците со кочија. На настанот ќе присуствува и воен контингент, поради повеќегодишната воена служба на Хари.

Се уште не се знае кој ќе ја испрати невестата до олтарот, откако нејзиниот татко соопшти дека нема да дојде на венчавката. Можеби тоа ќе биде нејзината мајка Дорија Регланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top