среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Невидено шоу: Траволта растури со 50 Cent во Кан (Видео)

Холивудската ѕвезда Џон Траволта и музичката легенда 50 Cent направија незаборавна забава во Кан. На затворањето на Филмскиот фестивал во Кан Џон Траволта и Фифти Сент направија вистинска забава. На афтерпарти забавата на познатиот музичар му се приклучи Траволта по премиерата на биографската крими драма ,,Готи “.

Тој заигра на песната,,Јust a little bit”. Снимката на својот твитер го објави раперот Фифти сент со коментар ,,Џон Траволта и јас се забавуваме – Се колнам дека дојдов тука само поради него .”

Главна причина за доаѓањето на Траволта е премиерата на ,,Готи “, како и одбележувањето на 40 годишнината од култниот филм ,, Брилијантин “, што се прикажа на плажата во Кан.

Траволта за Кан го врзува и филмот ,,Pulp fiction”, кој ја имаше премиерата токму на овој фестивал во 1994 година и кога ја освои Златната палма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top