недела, 15 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Кацарска дрско го прекина Никола Груевски во завршните зборови

Освен рушење на мојата партија ВМРО ДПМНЕ овие политички процеси имаат цел и прогон на неистомислениците, на народот, вака поранешниот премиер Никола Груевски се осврна на пошироката смисла на судските процеси кои се водат против него и потенцираше дека се работи за чисто класични политички процеси.

-Класичен политички прогон или тортура врз мене и моите сораборници. Во недостиг на елементарни докази врз судот се изврши притисок па од ненормалното се направи нормално. Целокупната акција започна со нелегално прибавените телефонски разговори. Освен рушење на мојата партија ВМРО ДПМНЕ овие политички процеси имаат цел и прогон на неистомислениците, на народот, во време кога се редефинира државата. Еве во ист ден, во ист час со ова судење двата премиера на Македонија и Грција преговараат за промена на името, рече Груевски. Веднаш го прекина Кацарска со зборовите:

-Ова не е ваша прес конференција или обраќање во собрание господине Груевски. Промена на име, нато, еу, јужен сосед такви работи пред новинарите, а не пред судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top