вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 85 ново

Прес-конференција на Зоран Заев и Тереза Меј

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговата британска колешка Тереза Меј, во моментов имаат прес-конференција во Медиа центарот на Владата на РМ.

Британската премиерка е во прва официјална посета на Македонија, каде дојде по денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Софија.

Според програмата за посета на Меј на Македонија, предвиден е и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ќе приреди прием во чест на британската премиерка Меј, која, патем, ќе има обраќање.

Претходно британската премиерка ќе се сретне со активисти на ЛГБТ заедницата по повод Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top