понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Мурињо: Продажбата на Роналдо е табу тема во Реал

Тренерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо смета дека Реал Мадрид во ниту една опција не би го продал Кристијано Роналдо.

Најдобриот фудбалер на мадридскиот клуб има договор до 2021 годинa, односно се до неговата 36 година.

Мурињо, кој три години беше тренер на Реал, е уверен дека Роналдо ќе остане во Мадрид до крајот на договорот.

– Реал нема да го продаде, тоа е забранета тема. Ќе остане до оној момент, кога ќе одлучат да го пуштат, а потоа ќе отиде на една година во Америка или на некое друго место каде што ќе може да ужива, истакна Мурињо.

Фудбалскиот стручњак откри дека бил близу до преземање на селекторската функција во репрезентацијата на Португалија и тоа во периодот додека бил тренер на Реал.

– Речиси ќе прифатев, но Флорентино Перез не ми дозволи, бидејќи мислеше дека позицијата тренер во Реал не е компатибилна со селекторската функција, истакна Мурињо.

Португалската репрезентација од 2014 година ја предводи Фернандо Сантош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top