вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Анабела Атијас: Се плашам дека никогаш повеќе нема да ја видам Луна!

Анабела Атијас тешко поднесува што веќе девет месеци е разделена од својата ќерка Луна, која влезе во реалното шоу „Задруга“.

Иако се кае што на ќерката и дозволила да влезе во реалното шоу, таа вели дека оваа е голема лекција за нејзиното семејство.

„Едвај чекам да заврши реалното шоу, ги бројам деновите. Луна ќе добие многу љубов, прегратки, бакнежи. Сите се радуваме и замислуваме како повторно ќе се прегрнуваме. Едноставно помина многу време, па понекогаш се плашам дека нема повторно да ја видам, вели Анабела за „Ало“.
Таа вели дека не планира да ја криктикува својата ќерка.

„И ние бевме вакви или онакви на 22 години. Како ќе научиме што е добро, што лошо? Има прилика да дознае што сака, а што не во животот, вели мајката на Луна.

Атијас потенцираше што и да случи по реалното шоу, Луна за неа е победничка.

вистина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top