петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

Тони Михајловски за Зеко: Почивај во мир, и знам дека ќе има смеа таму на небото

Актерот Тони Михајлоски со Фејсбук статус се прости од скопската легенда Зеко.

Горан Атанасов-Зеко беше познат скопски угостител и своевремено пејач, како и еден од главните создавачи на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-ти години.

Заедно со Сашо Пижевски – Пиже и Игор Џамбазов е основач и член на култната група Хавана Бенд, која беше своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити се“ и др. По нејзиното распаѓање, се посвети на својот бизнис угостителството и само повремено учествуваше.

Зеко исто така беше менаџер, косопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки. Меѓу позначајните се кафулето Баскет, забавниот комплекс Хавана клуб во Градскиот парк, дискотеката „Парк“ во Градскиот стадион и таверната „Хавана“.

Тажна вест: Почина скопската легенда Зеко

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top