среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Заев во Софија зборувал и потпишувал на фиромски јазик (ФОТО)

Официјален јазик под кој настапил Зоран Заев во Софија, на Самитот ЕУ – Западен Балкан бил фиромскиот, како што може и да се види од официјалниот меил во кој на новинарите им се испраќа целата верзија од Софиската декларација.

„Самитот ЕУ – Западен Балкан се одржа во Софија, Бугарија, на 17 мај 2018 година. Лидерите на ЕУ и парнерите од Западен Балкан ја потпишаа Софиската декларација“.

Декларацијата може да се преземе на албански, босански, црногорски, српски и секако – фиромски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top