недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Заев и Ципрас се договориле: Утврдивме една опција за името прифатлива за двете страни

Зоран Заев и Алексис Ципрас, премиерите на Македонија и на Грција  денеска во Софија утврдиле една опција за името прифатлива за двете страни.

– Постигната е согласност за една опција за решение за спорот за името, која доколку биде прифатена од релевантните фактори во двете држави и се најде начин да помине во институциите, ќе биде официјално соопштена – изјави Заев на прес конференцијата што се одржа по завршување на средбата со Ципрас.

Според Заев, важно било да се потврдат успесите што министрите ги постигнале.

– Разгледавме неколку опции. Една од нив е решение прифатливо за двете страни. Сега треба да видиме дали тоа е возможно практично да се реализира, да помине во институциите на државата. Утврдивме дека една опција може да биде прифатлива за двете страни, но јас сум Зоран, мојот партнер е Алексис, и ние сме само луѓе. Мора да видиме како тоа ќе биде прифатено од релевантните институции во државите, опозицијата, претседателот – рече Заев.

Во одговор на новинарско прашање, тој рече дека се надева решение на спорот за името да се постигне сега зошто на крајот на јуни е Европскиот совет, а во јули има НАТО самит.

– Тоа е нашата желба, но, секако ако е возможно, ако не, ќе продолжиме и понатаму да бараме решение – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top