недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 56 ново

Мицкоски го чека Заев в среда во 20 часот на МРТВ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски, кој го покани претседателот на СДСМ и воедно претседател на Владата, Зоран Заев, на ТВ дуел за отворено да зборуваат за името на нашата држава му предлага да се сретнат следната недела, в среда во 20.00 часот на јавниот државен сервис Македонска телевизија

„Без ракавици и апсолутно држејќи се до вистината, да се оддржи дебата на која ќе разговараме за името, и не само за него, туку и за апсолутно лошата економска состојба, тешкиот живот на граѓаните, за бројните скандали и изневерените очекувања. Јавноста заслужува одговори, а јас немам што да кријам, затоа што во политиката влегов со чест, принципи и достоинство. Така и ќе продолжам во иднина, затоа што вистината нема цена, а граѓаните заслужуваат многу подобро!“, повика Мицкоски на Фејсбук откако од Владата одговорија позитивно на поканата, а како единствен проблем го наведоа прецизирањето на терминот.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави дека премиерот Зоран Заев е подготвен во секое време и на која било национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел, кој апсолутно ќе се случи.

Дуелот на Заев и Мицкоски може да биде на било која национална телевизија, треба да се прецизираат времето и местото

И премиерот Заев изјави дека ја прифаќа поканата за ТВ-дуел од опозициксиот лидер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top