недела, 20 мај 2018 | Вести денес: 26 ново

Заврши средбата Заев-Ципрас

Заврши средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, што се одржа на маргините на Самитот ЕУ-Западен-Балкан денеска во Софија.

Ова е втора тат-а-тет средба меѓу двајцата премиери, по обновувањето на преговорите за решавање на спорот за името, а на неа се очекуваше двајцата премиери да се обидат да ги приближат ставовите за спорните прашања, јави известувачот на МИА од Софија.

Според грчките медиуми, Ципрас ќе има прес-конференција околу три часот по локално време.

Средбата меѓу премиерите Заев и Ципрас изминатите денови се најавуваше како клучна во процесот на решавање на спорот за името.  Последните изјави, и од македонската и од грчката страна, сепак, се проткаени со воздржаност дека токму оваа средба ќе вроди со конечен договор за името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top