петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 46 ново

Цела улица оштетени возила: Како изгледаше верижниот судир кај Железничка (фотогалерија)

Верижен судир се случи претпладнево на улица „Никола Карев“, пред поштата на железничката станица во Скопје. Во несреќата нема повредени лица, меѓутоа причинета е голема материјална штета.

Иако домашните медиуми најпрво јавија дека во неа учествуале шест, сепак најверојатно со верижниот судир настрадале 8 возила.

Еден од директните учесници во судирот за МИА изјавил дека биле преплашени кога виделе како еден од автомобилите се движи наназад кон нив.

– Тоа беше страшно, во моментот не знаевме што да правиме и како да реагираме, истакна вознемирената жена.

Всушност на возачот на автомобилот, кој ја предизвикал сообраќајната несреќа, му се слошило, по што ненадејно го запрел возилото, се обидел да излезе од него, но не ја кренал рачната сопирачка и автомобилот тргнал наназад. Полицијата врши увид на местото на сообраќајката.

(фото – Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top