понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Амди Бајрам: Јас сум ги научил како да се подмитуе (видео)

Амди Бајрам, лидер на Сојузот на Ромите станува дел од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ – е веста која што денес ја потврди премиерот Зоран Заев. Според него, тој нема да добие министерски места, туку одговорност на други позиции.

Човекот отворено и јавно си признава – „нека знае цела јавност, јас сум ги научил како да се подмитуе, како да ги добиваат Ромите“.

Кога започнал да сфаќа како бродот на ВМРО ДМПНЕ тоне, решил да сврти нов лист.

-Се виде ВМРО, уште кога започна да им тоне бродот, ете си замина и Груевски, јас немав што да барам повеќе таму и станав независен. Цели пет месеци сум поддршка на власта. И тоа го правам во интерес на Ромскиот народ. Значи секогаш работам за доброто на моите луѓе – вели лидерот на Сојузот на Ромите.

Амди Бајрам: Свртев нов лист, што се фатиле сите за моите изјави

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top