понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Грчки медиуми: Ако има договр за името, тој ќе биде потпишан во Преспа

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во моментов имаат тет-а-тет средба во Софија на ккоја се разговаара за спорот со името, а според грчките медиуми, ако има договор, без разлика кога ќе се постигне, наводно веќе е договорено заеднички да се потпише во Преспа.

Во двете земји постои воздржан оптимизам, па и владите со последните изјави само ја нагласуваат важноста и неизвесноста на резултатот од средбата, но и најавуваат дека има уште време и простор за конечен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top