петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 110 ново

Кацарска не ја интересираат Законот за судови, ниту одлуките на Европскиот суд за човекови права

Според измените на Законот за судови, кој беа усогласени помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како дел од реформскиот пакет на закони гласани во Собранието пред враќањето на препораката за отпочнување на преговори, како потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија како основ за разрешување се смета и непочитување и непримената на ставовите изразени во конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права.

Судијката Добрила Кацарска, судија во случајот „Тенк“, каде обвинети меѓу другите се и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешаната министерка за вннатрешни работи, Гордана Јанкулоска, постапува спротивно на Законот за судови и прави потешки дисциплински повреди, непочитувајќи ги пресудите на ЕСЧП. И со тоа директно го повредува чл.18 ст. 8 од ЗС.

Имено невозможно е темелење на пресуда единствено врз доказен материјал стекнат со кршење на човековите слободи и права, со повеќе годишно континуирано, неселективно и незаконско следење на комуникациите, без судска наредба и без судска контрола, спротивно на членот 12 став 2 од ЗКП. Со што се повредува и чл.6 од ЕКЧП. Сличен случај е ( Hajrulahu v. FYR Macedonia ), но ЕСЧП за ова прашање има заземено став и во случајот (Schenk v. Switzerland).

Чл.6 од ЕКЧП е јасен, дека судењето не може да се смета за правично, доколку вината на некое лице се заснова единствено на доказ кој е добиен преку повреда на човековите права загарантирани со Конвенцијата. Со што ЕКЧП јасно става до знаење дека не може да зборуваме за правично судење, доколку истото се темели на иницијални повреди на законите.

Во случајот „Тенк“ сведоците, и тие предложени од страна на одбраната и од страна на обвинителството, ја потврдија теоријата на случајот на обвинетите, кажувајќи дека нема ништо нелегално во набавката на мерцедесот, купен за потребите на МВР, а за превоз на гости за кои е потребно возило кое исполнува највисоки критериуми за безбедност.

СЈО нема ниту еден доказ кој ги товари обвинетите. Целата постапка според медиумите кои го следат настанот е повеќе од политичка, се со цел пресуда по секоја цена, како Кацарска би станала претседател на Апелациониот суд, а Никола Груевски осуден и сето тоа по насока на Зоран Заев, а спротивно на сите домашни законски норми и Европската конвенција за човекови права.

Кацарска го прави токму она што со Европската конвенција за човекови права е забрането, го води случајот кон разрешница единствено врз база на докази стекнати со прекршување на основните човекови слободи и права, што е незаконски, неправедно и нехумано и во темел ја поткупува правната држава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top