вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 85 ново

По 20 години концерт на „Нокаут“ на „Кале“

Групата „Нокаут“ на 27 октомври ќе одржи концерт во СРЦ „Кале“, на истото место каде што пред 20 години го одржа првиот голем концерт, во организација на „Авалон продукција“, соопштија од „Авалон“. На концертот ќе биде промовиран нивниот нов албум.

Сите детали околу влезниците за овој голем славенички концерт ќе бидат објавени на 21 мај, во 21 часот.

Најновиот сингл насловен „Што бараш во моја песна“, е најава за новиот албум на „Нокаут“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top