вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 85 ново

Скопјанка нападната вчера во автобус на ЈСП, приведен 64 – годишен маж

Вчера во 22.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, И.А. (35) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.00 часот физички била нападната од непознато лице во автобус бр. 5 на Јавното сообраќајно претпријатие.

И.А. повикала полиција и напаѓачот бил приведен во полициска станица. Се работи за лицето Д.Х. (64) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top