недела, 15 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Борисов и Меркел го покажаа блиското пријателство

Германија и Бугарија преку нивните политички функционери Ангела Меркел и Бојко Борисов покажуваат колку се блиски. Медиумите во Софија посветуваат големо внимание на начинот на комуникација меѓу бугарскиот премиер Борисов и германската канцеларка Меркел.

Европската елита вчера се собра на неформална вечера во ,,Софија Техно парк“ во Софија, пишуваат бугарските медиуми.

– Премиерот Бојко Борисов и министерот за бугарското претседателство со ЕУ, Лилјана Павлова, ги пречекаа, еден по еден, високите државници на европските држави и на Европската унија. Британската премиерка Тереза ​​Мај пристигна како прва од лидерите на големите држави. Иако беше најавено дека Италија, поради проблемите со формирање на влада, ќе биде претставувана од поранешниот премиер Силвио Берлускони, на средбата се појави претседателот на земјата Серџо Матарела. Берлускони, сепак, беше забележан во Софија на некои од фотографиите. Потоа се појавија и грчкиот премиер Алексис Ципрас, Емануел Макрон, Ангела Меркел, Федерика Могерини. Фотографиите покажуваат колку се блиски Борисов и Меркел- пишува бугарски Блиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top