вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 86 ново

Ги убил своите три деца, момчето на поранешната сопруга, неа ја ранил, па се самоубил

Маж од Пондер, Тексас пукал во неговата поранешна сопруга, нивните три деца и нејзиното момче, а потоа се самоубил.

Крвавиот инцидент го преживеа само поранешната сопруга, Аманда Ли Симпсон, која е пренесена во болница.

Трагедијата се случила вчераутро, откако инцидентот првично бил пријавен во полиција како провала.

Кога полицајците стигнале во куќата, ги нашле телата на напаѓачот, 39-годишниот Џастин Пејнтер од Форт Ворт, и 29-годишниот Сет Ричардсон од Ланкастер, момчето на Симпсон, и трите деца.

Полицијата не соопшти на која возраст биле убиените деца кои според Facebook профилот на Пејнтер медиумите ги идентификуваа како Кејденс Никол, Дрејк Александер и Один Тајлер Пејнтер.

Истрагата е во тек за да се утврди мотивот за убиствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top