понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Денеска е Спасовден, ако ова го направите ќе дознаете дали ве сака…

Спасовден или денот на спасувањето се слави 40 дена по Велигден и секогаш се паѓа во четврток. Интересно е што овој празник има мошне слични обичаи како Ѓурѓовден, па некои етнолози сметаат дека станува збор за исти обичаи кои едноставно се поделени на два дена. овој ден , ако се водиме според христијанските празници, би требало да биде весел и радосен.

Исто како Ѓурѓовден, Спасовден е ден на цвеќето и растенијата, па младите момчиња и девојки денеска треба да наберат што е можно повеќе цвеќе и да го внесат дома за радост.

Можеби најинтересен обичќај на овој ден е познатото „ме сака-не ме сака“. Сигурно како деца сте го правеле тоа со листовите од цвеќиња. Но, според верувањето резултатот што денеска ќе го добиете е вистинит.

Веријатно знаете како се прави тоа, но во случај да сте заборавиле, да повториме. Земете цвет кој има многу мали листови, како што е бела рада или едноставно едно гранче од било кои цвекиња кои можете најлесно да ги најдете. потоа замислете си го името на личноста која ви се допаѓа и кинете по едно ливче велејќи: „ме сака-не ме сека“…“

Последното ливче кое ќе остане нескинато го крие одговорот на прашањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top