недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 70 ново

Започна средбата Заев – Ципрас во Софија

Потврда на досега договореното, поддршка за продолжување на процесот, како и обиди за приближување на позициите во однос на спорните прашања, опсегот на употреба и измените на македонскиот Устав се очекува од денешната средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, јави известувачот на МИА од Софија.

Во фокусот на вниманието на македонската и грчката јавност денеска е тет-а-тет средбата на двајцата премиери, која ќе се одржи на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

Заев и Ципрас, како што е најавено треба да се сретнат во 10:30 часот по бугарско време.

Средбата меѓу премиерите Заев и Ципрас изминатите денови се најавуваше како клучна во процесот на решавање на спорот за името.  Последните изјави, и од македонската, и од грчката страна, сепак, се проткаени со воздржаност дека токму оваа средба ќе вроди со конечен договор за името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top