недела, 15 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Спорот за името стана бугарски проблем: Бугарите ќе ја бранат Македонија од Грците

Бугарите не загубиле свој пријателски однос кон Македонија. Деликатните односи во изминатите децении не успеале сосема да заличат на блиски врски, но регистриран е позитивен пробив во изминатите неколку месеци. Тоа се податоци од најнова анкета на Галуп спроведена меѓу 9 и 16 март врз 772 лица.

Во анкетата се нагласува дека Бугарите ја поддржуваат Македонија за спорот со Грција за името. Имено, 70 отсто Бугари слушнале за преговорите што во моментот ги водат Македонија и Грција за името, а само 26 отсто не слушнале за тие преговори.

Според анкетата, повеќето Бугари немаат ништо против името на Република Македонија да остане какво што е.

Педесет и четири отсто од оние кои знаат за спорот со името сметаат дека не е неопходно државата да го смени името, а само 19 отсто се со спротивни ставови.

Педесет и осум отсто од запознатите со дебатата го поддржуваат народот во Македонија, и само 15 отсто застануваат на страната на Грција во спорот за името.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top