петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 47 ново

Македонскиот јазик од втор ред (ФОТО)

Собраниското мнозинство го изгласа Законот за двојазичност, но тој не може да стапи во сила се додека указот не го потпише претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Но, тоа не значи дека во оваа држава не може да се применува. Иако Иванов не го дава потписот на закон кој задира во идентитетот на Македонецот, актуелната власт, на централно и на локално ниво, го спроведува на големо. И не само што македонскиот и албанскиот се изедначуваат, многу често македонскиот јазик му е потчинет на албанскиот.

„Улици и патишта“ немаат кога да се позанимаваат со дупките на патиштата, како што се гледа на оваа фотоградија, но се брзи и ефикасни во спроведување на непотпишаниот Закон за двојазичност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top