понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Денес сончево и топло, но подгответе се за сабота

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од шет до 29 степени, а УВ индексот ќе биде седум.

Во Скопје слично време со температура од десет до 27 степени.

Утре во поголем дел од земјава времето ќе биде стабилно, а во југозападните делови попладне е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во сабота ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. И во наредните денови, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top