недела, 15 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Со три гола во мрежата на Марсеј, Aтлетико Мадрид ја освои Лига Европа

Атлетико Мадрид по победата над Олимпик Марсеј од 3-0 вечерва стигна до титулата на Лига Европа. Во натпревар во кој скоро сите 90 минути „атлети“ ја имаа контролата на мечот, избраниците на Диего Симеоне заслужено стигнаа до титулата во ова второ најсилно европско натпреварување.

По една грешка на Замбо Ангиса на својата половина, лесно казни Гризман за Атлетико со минимална предност да отиде на пауза. На самиот старт на вториот дел повторно францускиот крилен напаѓач стрелаше за 2-0, а конечните 3-0 ги постави Габи.

Со оваа победа Атлетико ја освои втората титула во ова натпреварување во послеледните 6 години, а откако го кренаа истиот трофеј во 2012, тимот на Симеоне два пати стигна и до финалето на Лигата на Шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top