четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Почина претседателот на државата со двајца жители

Еден од најдолговечните владетели на Блискиот Исток Ели Авиви почина на 88 години, пишува Би-би-си.
Авиви, сепак, не беше обичен претседател на уште помалку обичната држава Акзивленд. Блискоисточната држава Акзивленд има само двајца жители и тоа речиси половина век. Оваа микронација се наоѓа на северот на Израел на границата со Либан, a била сврталиште во шеесеттите на хипи ѕвездите како Софија Лорен.
Иако меѓународно не е признаена, има знаме и химна. Авиви зад себе ја остави сопругата Рина(71), која потврдила дека починал рано утрово. Неговата сестра изјавила дека боледувал од тешко воспаление на белите дробови.
Авиви по потекло е од Иран, а пристигнал на палестинската територија под британска контрола кога имал 2 години. На 15 ѝ се придружил на борбата против британската војска и арапските сили во текот на војната во 1948 година.

Палестинското рибарско село ал-Зееб подоцна станало Акзивленд, а неговите жители избегале кога било покорено во 1948 година. Авиви пристигнал во селото четири години подоцна и живеел меѓу разурнати згради и заработувал со продажна на риби во соседно село. Подоцна му се придружила РИна.
Нивните рпоблеми си Израел почнале во текот на шеесеттите, кога владата одлучила тоа подрачје да го претвори во национален парк и испратила машини да ги уништат зградите. Ситуацијата ескалирала кога властите кренале ограда која ѝ го попречила парот на пареата кон морето. Во протестот Авиви и Рина ги одрале противниците и прогласиле независност од Израел во 1971 година.

Најдобриот претседател на светот

Апсењето на Авиви и Рина и нивното судење му донесоа на Акзивленд светска слава. На крајот ѝ платиле на државата за пристап на море и отвориле „национален“ музеј пол со антиквитети. Изработиле пасоши, а имале и печат. Оваа микродржава станала туристичка атракција, а најпривлечна им била на хипиците.

Не е јасно каква судбина ќе има Акзивленд. Во интервју за Би-би-си во 2015 година Авиви прогнозирал дека нема да живее уште долго и дека се надева дека Рина нема да ја напушти нивната куќа. Таа пак изразила желба државата да стане траен споменик на нејзиниот сопруг „најдобриот претседател на светот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top