петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 111 ново

„Мундо Депортово“: Ленгле е првото засилување на Барселона летово

Каталонскиот весник „Мундо Депортово“, кој важи за близок до Барселона, тврди дека Каталонците постигнале договор со Севилја за трансфер на дефанзивецот Клеман Ленгле. Претставници на двата клуба имале две средби и наводно си пружиле рака за трансфер вреден помеѓу 30 и 35 милиони евра, а Ленгле ќе потпише 5-годишен договор со Каталонците.

Младиот Французин одигра фантастична сезона во дресот на Севилја и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера, па на „Камп Ноу“ доаѓа по барање на тренерот Ернесто Валверде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top