петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 47 ново

Хорор сцена во Романија: Дефанзивецот Харут падна како покосен, сите на теренот се фатија за глава (видео)

На натпреварот од Правата романска лига меѓу Сепси и Поли од Темишвар се случи хорор сцена. По судирот со глава на двајца фудбалери настана вистинска паника.

Во 36. минута на средината на теренот во скок дуел со глави се судрија Нигериецот од Сепси, Бенџамин Куку и Денис Харут од Поли и двајцата останаа подолго да лежат. Фудбалерите забележаа дека младиот играч на Поли, 19-годишниот дефанзивец Денис останал на тревата во несвест, а судијата и останатите фудбалери панично побараа помош и се фаќаа за глави.

На несреќното момче веднаш на помош му притрчаа лекарите, а набрзо на терен стигнаа и две возила на итната помош. Харут е брзо превезен во болница, каде сега се опоравува. Бенџамин Куку не бил толку тешко повреден, па го продолжил мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top