среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

По драмата и притворот за синот, Синан Сакиќ пренесен во друга болница (фото)

Откако денеска семејството на пејачот Синан Сакиќ направи инцидент во клиниката во Белград, во кој едниот од синовите на пејачот беше приведен, сепак тие успеале во намерата да го преместат невниот татко од клиниката во која неговата сопруга тврдеше дека има ужасни услови.

Имено, таа тврдеше дека пејачот бил врзуван за креветот, а вчера пациентка во истата соба починала откако не и била дадена соодветна нега.

Денеска синовите на Синан се обидоа насилно да го извадат нивниот татко од болницата, а полицијата уапси еден од нив поради нарушување на редот и мирот во установата.

По ова во моментов српските медиуми пишуваат дека пејачот е изваден и однесен во приватна клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top