петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Бајага признал дека еден од неговите најголеми хитови крие грешка (видео)

Српскиот музичар, Момчило Бајагиќ Бајага во интервју за Телеграф.рс открил дека еден од неговите најголеми хитови, песната „Тамара“ крие една грешка.

– Кога ја пишував Тамара немав одено во Русија. Потоа бев неколку пати. Јас инаку доста пристојно знам географија, но поради рима или од брзање, во Тамара има една грешка, дека неа сум ја чекал пред театарот Бољшој, а потоа еден стих вели „макар што си малку поубава од Нева“, а Нева била во Санкт Петерсбург, раскажал Бајага.

– Помеѓу тие два града се патува цела ноќ со воз. Сега тоа може да се протолкува како поетска слобода, дека таа река Нева мене ми била многу убава па сум се сетил на неа, но јас гледав како ќе римувам, признал Бајага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top