вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 61 ново

Заев: Поддршката од ПЕС е од исклучително значење

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска учествуваше во работата на состанокот на лидери на партии и шефови на влади на Партијата на европските социјалисти, што се одржа во Софија.

Премиерот Заев, кој прв зборуваше на Самитот на ПЕС, изрази благодарност за поддршката што доаѓа од лево ориентираните партии членки на ПЕС за Република Македонија, особено во делот на ЕУ и НАТО интеграциите, се наведува во соопштението на СДСМ.

На состанокот едногласно беше потврдено дека Република Македонија има силна поддршка од сите партии членки на ПЕС. Тие ветија внимание и ангажман за да се унапредат перспективите на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top