среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 104 ново

Гневни сцени на тенискиот терен: Каролина го скрши судиското столче, тренерот и покажа среден прст на камерата (видео)

Наместо да се поздрави со главниот арбитар по денешниот пораз во Рим од Марија Сакари од Грција, Каролина Плишкова го искрши судиското столче со својот рекет. Причината за оваа реакција на чешката тенисерка беше протестот кон одлуката на судијата при одлучувачкиот брејк поради кој го загуби дуелот во второто колo.

Како тоа да не беше доволно, тренерот на петтата тенисерка во светот, Томас Крупа, и покажа среден прст на камерата за време на инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top