четврток, 22 ноември 2018 | Вести денес: 30 ново

Скопјанец останал без својата „Астра“ – Ја оставил на паркинг во Кисела Вода со клуч на брава

Денеска во 07.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Ј. (55) од Скопје пријавил дека во периодот од 22.00 часот вчера до 06.30 часот денеска, од паркинг на улица „Димо Хаџи Димов“, општина Кисела Вода, од страна на непознат сторител му било одземено неговото патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, кое било незаклучено и со оставен клуч на бравата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top