петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Тетово: Со „Голф“ удрил две момчиња на пешачки премин, па избегал

Вчера околу 17.30 часот на пешачки премин на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко моторно возило „Голф“ без регистарски ознаки удрило во пешаците А.Д. (22) од село Џепчиште, тетовско, и Б.Т. ( 22 ) од село Гајре, тетовско, по што го напуштил местото на настанот.

Притоа, пешаците се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top